Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, експресно го отфрли предлогот на ДУИ за таканаречена „Албанска платвформа“, претставена вчера.
„Го слушам портпаролот на ДУИ како зборува за 5 национални столбови. Но тој го заборавил главниот столб, шестиот столб.
Шестиот столб на албанската национална политика е столбот на срамот, столб каде ќе се постават сликите на тие што го украдоа албанскиот глас од лидерот на неговата партија со помош на локалните банди.
Ако ја украдеш слободната волја е исто како да ги уништиш сите европски демократски вредности кои се стремеж на нашиот народ“, вели Таравари за Слободен печат.
Таравари ја прашува ДУИ зошто не им текнало порано на ваков предлог, туку баш сега.






