„Според нова научна публикација, некои луѓе во Бугарија имале контакт со вирус поврзан со САРС-КоВ-2 уште во 2008 година и затоа имаат имунитет, што значително ги штити од инфекција со новиот коронавирус.
Вирус, сличен на оној што ја предизвикува болеста КОВИД-19, е изолиран од лилјаци во Бугарија, а луѓето што го „прележале“, развиле имунитет вели д-р Александар Симидчиев, пулмолог, раководител на одделот за функционална дијагностика во болницата во Министерството за внатрешни работи на Бугарија, пренесе Дневник.Бг.
„Факт е дека овој вирус беше во Бугарија и според сите проценки се чини дека околу 50% од луѓето во Бугарија се вакцинирани. Веројатно е дека тие се постари, затоа што средбата била пред 12 години.. . “, вели специјалистот.
Можно е ова да е причината зошто пандемијата во Бугарија не е толку голема, смета тој.




