ДВ: Од што стравува Али Ахмети?

Иако другите партии официјално сѐ уште не се огласиле околу „Албанската платформа“ во 5 точки на ДУИ, во некои од нив неформално го оценуваат како „веќе видено и слушнато“, но препознаваат и страв кај ДУИ дека може да им се репризира 2006 година.



Тогаш партијата освои најмногу гласови кај Албанците, но не влезе во владата, пишуѕва „Дојче веле“.

. И во септември 2015 година лидерот на ДУИ, Али Ахмети, повикуваше Албнците да ги концентрираат гласовите кон една партија, затоа што не им треба „анархичен плурализам”.

„Не ни требаат десет партии кои ќе им наштетат на тие десетици илјади гласови на Албанците. Силниот мандат нѐ прави посилни”, повикуваше Ахмети.

Во април 2019 година, Ахмети повтори дека во земјата нема место за повеќе од две партии на Албанците, што предизвика реакции кај други партиски субјекти, кои сметаат дека никој не смее да го дозира и лимитира слободното здружување на Албанците во други партии, ниту да некој го штити својот партиски монопол преку наративи за наводна заштита на албанските интереси.

(…)

Практично, сега ДУИ го спакува во платформа истото што го повторува во изминатите години – истакнување на улогата на ДУИ како најсилен и обединувачки фактор за Албанаците, и повик да не се ситни албанскиот глас

Иако ДУИ на изборите освои 15 пратенички мандати, се чини дека во албанскиот блок не се фасцинирани од тој резултат, а некои и се сомневаат во начинот на кој се добиени. Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива денеска ќе протестира против изборен грабеж, за кој ја обвинуваат ДУИ“, оценува Дојче веле.