Министерот за здравство Венко Филипче призна дека Македонија дојде до над 10 илјади заболени од Ковид 19 или пет пати повеќе од бројката што самиот ја даде во март кога најави дека пикот на кризата ќе биде во април.
Тогаш Филипче рече дека очекува вкупниот број на заболени од корона да биде најмногу до 2000.
“Во последните 24 часа се направени 1077 тестирања, регистрирани 152 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 10086”, изјави Филипче преку Твитер иако на почетокот на кризата предвиде за 8000 пациенти помалку.
Филипче ниту денеска не зборува за оставка од морални причини поради драматично лошата проценка за бројот на заболени и бројот на починати кој е на огромно ниво од 460 луѓе што земјата ја стави на врвот на листата според процентот на починати како последица на Ковид19.





