Марш на коалицијата „Сега е времето“ е закажан за утре на кој Алијанса на Албанците и Алтернатива ќе го изразат револтот поради, како најавија, кражбата на албанскиот глас од страна на ДИК.



Маршт за демократија ќе започне од паркот во Чаир и ќе заврши пред канцеларијата на ЕУ и Државната изборна комисија.

„Маршот за демократија“ е повеќе од протест, тоа е јавен израз на волјата на албанскиот граѓанин во земјава, кој по последните избори смета дека демократијата и начинот на изразување на слободната волја на албанскиот граѓанин се сериозно оштетени. Овој марш точно пред седиштето на ЕУ во Скопје ќе ја испрати пораката дека земја што започнува преговори со ЕУ не смее да дозволи некои од нејзините граѓани да бидат лишени од правото на глас и да бидат избрани“, рече Нурјан Асановска, портпаролка на Централниот штаб на АА-ААА.

https://www.expres.mk/alijansa-na-sela-ne-prifakja-ukradeni-izbori/