Бродиќ отвара нова афера за Тозија, Агенцијата за филм и хрватски филмаџија (ДОКУМЕНТ)

Хрватскиот новинар Иван Бродиќ објавува нов скандалозен документ од кој се гледа дека директорот на македонската Агенција за филм потпишал кинтроверзен анекс на авторски договор со екс шефот на хрватската агенција за филм Хрвое Хрибар.



Со анексот на договор кој важел за минатата година директорот на македонската Агенција за филм Горјан Тозија преку авторскиот договор ги менува периодот и сумата која важи за основниот договор.

Според анексот авторскиот договор наместо за лани од мај до октомври сега важи за најголем декнод мај оваа година а сумата која ја добива Хрибар се менува и од околу околу 13 илјади евра скока на над 17 илјади евра.

Во документот не се објаснува зошто се направени промените на основниот договор.

Бродиќ се сомнева дека Горјан Тозија на овој начин прави фиктивна контра услуга за колегата од Загреб затоа што Хрибар преку хрватската агенција за филм го финансирал филмот Ослободување на Скопје поради кој Бугарија ја блокирала Македонија.

По извршената ревизија во Хрватска тамошниот директор Хрибар е сменет од својата функција а во Макеоднија на чело на агенцијата за филм се уште е Горјан Тозија.