Како медиумите на Сталин го прикажувале Тито во Информбирото (ФОТО)

Фашист, слуга на Америка, касап, и слични називи добивал Јосип Броз Тито од страна на руските медиуми под контрола на Сталин во периодот на Информбирото кога Југославија се оддели од земјите кои беа под контрола на Советскиот сојуз.



Во карикатурите објавувани во медиуми под контрола на Кремљ Тито е прикажуван како најголем злосторник и непријател на Русија.

Веднаш по смртта на Сталин неговиот наследник Никита Хрушчов повторно го промовираше Тито во партнер на Советскиот сојуз и комунистичкиот лагер.