Северна Кореја пријави прв случај Ковид 19 за кој се смета дека е „увезен“ од Јужна Кореја, откако едно лице илегално се вратило во земјата на 19-ти јули, извести државната новинска агенција КЦНА.
Севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун во саботата свикал итен состанок на политбирото на владејачката Работничка партија на кој се разговарало за „итен настан во градот Каесонг“.
Тој објавил дека е подготвен да се премине во состојба на максимална подготвеност за заштита од ширењето на коронавирусот.
Државните медиуми јавуваат дека осомничениот пред три години пребегнал во Јужна Кореја, а се вратило преку утврдената граница којашто ги дели двете Кореи со сомптоми кна корона.
Според официјалните податоци во Северна Кореја во моментов нема ниеден потврден случај на зараза со коронавирусот.






