За храна, облека и комуналии одат над 60 проценти од вкупните приходи на просечно семејство во земјава, додека најмалку се трошат за образование и културни активности.
Податоците што ги објави Државниот завод за статистика во публикацијата покажуваат дека во 2019 година најмногу граѓаните трошеле пари за храна и безалкохолни пијалоци 43.1 % и за комуналии 10.8 проценти.
За отплата на кредити и инвестирањето во недвижности одат 8 тсто од трошоците, шест проценти за превоз, 5 % се трошат на облека и обувки, 4,5 проценти за купување мебел и одржување на покуќнината и четири проценти за одење по ресторани и хотели. Најмалку пари граѓаните трошат за образование и културни активности.
Трошоците на живот во 2019 се зголемени во споредба со 2018 година. Според податоците објавени во публикацијата, индексот на трошоците на живот лани бил зголемен за 0,8 проценти.
Зголемени трошоци се забележани кај алкохолните пијалоци, тутунот, храната и безалкохолните пијалоци, а намалување кај трошоците за облека и обувки, превоз и домување.




