Левица, ДПА и Алијанса за Албанците не дојдоа на денешната седница на ДИК за да ги подигнат уверенијата за пратеници.
Алијанса/Алтернатива за понеделник најавија протести поради одлуката на Уставен суд кој отфрли 75 нивни тужби околу текот на изборите и реазултатите.
Од Левица наводно биле лути, пишува порталот СДК.
„Лути и навредени што ДИК ги одби сите приговори на Левица, двата пратеника денеска не дојдоа. Ако не дојдат подоцна, кога ќе бидат изгаснати телевизиските камери, ние ќе најдеме начин уверенијата да им ги доставиме, по пошта или со курир“, соопштиле од ДИК за СакамДаКажам.
ДИК денеска гиу соопшто официјалните резултати од изборите опдржани на 15 јули: Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ освои 46 мандати, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освои 44 мандати.
Според конечните резултати, ДУИ освои 15 мандати во Парламентот, коалицијата Алијанса за Албанците / Алтернатива 12, Левица освои два мандати и ДПА еден мандат.




