Британската пејачка Дуа Липа со албанско потекло во Јутјуб емисија „Hot Ones“ изјави дека ајварот е албански специјалитет што секој мора да го проба пред да умре.



„Тоа е мешавина од печени пиперки која е направена е во тегла, зачинета е, прекрасна е и оди со сè! Со јајца, со пита со спанаќ, што е уште еден албански специјалитет“, рече Дуа.

Проблемот настана кога продуцентите на емисијата покажаа тегла со „Лесковачки ајвар“ додека зборува пејачката.

Фотографијата од „Лесковачкиот ајвар“, која била искористена е направена во просториите на Здружението „Лесковачки Ајвар“, кое веќе започна постапка во Управата за интелектуална сопственост за користење на нивната етикета со цел да се претстави српскиот бренд како албански национален производ.

Можно е грешката да ја направиле продуцентите, поради неинформираност. Но, ајвар е генеричко име за производот и никој не го има заштитено како национален, ниту ние, ниту Македонците, ниту Бугарите. Ние го брендиравме „Лесковачкиот ајвар“ како национален бренд. Тука настанува проблемот. Тие го украле и го претставиле како албански национален производ, па поради таа причина ќе треба да ги сносат последиците “, изјавил претседателот на здружението Стевица Мрковиќ за „Курир“.

И тоа не бил едиствениот гаф. Таа во еден момент во емисијата рече дека еден од сосовите ја потсетува на албанскиот колбас суџук, додека во видеото се гледа пакување на кое пишува во кој пишува „Босански суџук“, пренесува Б92.

Во видеото по 17 минута.