ДУИ никогаш не ги поставила политичките идеи како уцена, туку како прогрсеивни идеи кои може да донесат поголема толеранција, вели потпретседателката на интегративците Теута Арифи за ТВ24 и додава дека со фактот дека идејата за премиер Албанец доби поддршка од дел од гласачите, таа е вредна да се разговара при формирањето на влада.
Арифи одби да ги коментира изјавите на лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски дека ја отфрлиле идејата за премиер Албанев бидејќи тие биле кажани во екот на кампањата.
„ДУИ не е блеферска партија инаку не би имале толкава поддршка кај граѓаните. Нормално во кампањата имаше секакви реакции, не коментирам изјави дадени во кампања“, рече Арифи.






