Владимир Панчевски, поранешниот претседател Кривичниот суд – Скопје, денеска треба да биде донесен од притвор од затворот во Шуто Оризари пред велешкиот суд каде почнува судски процес против него.
Панчевски е обвинет дека преку ситемот АКМИС, влијаел на распределбата на педесетина предмети во скопска единица, така што самиот одредувал судии за случаите.





