Ноќеска по полноќ Утрово во скопски ресторан во близина на гимназијата „Орце Николов“ бил нападнат новинарот Љупчо Златев.
Според информации што ги објавуваат повеќе медиуми човек за кој се испоставило дека е лично обезбедување на семејството на еден македонски бизнисмен го нападнал новинарот Златев.
Физичкиот напад доаѓа откако претходно му се доближило лицето и по куса вербална расправија новинарот Златев бил нападнат.
Настанот инаку веднаш потоа бил пријавен во полиција и се очекува повеќе детали во текот на денот.
Нападот доаѓа откако новинарот деновиве објави повеќе скандали и афери за еден поранешен македонски функционер, а сегашен бизнисмен.





