Силјановска: Мицкоски треба да ја состави новата влада

Професорката Гордана Силјановска-Давкова, носител на пратеничка листа во ИЕ 1, синоќа во гостување на ТВ Алфа порача дека ВМРО-ДПМНЕ односно Христијан Мицкоски треба да ја состави новата влада.



Со промена на статутот, рече Силјановска, партијата покажа голем демократски исчекор.

– Причина плус  е и реформската програма, изразито реформаската програма, поради внатрепартиската демократија која има правен основ во статутот, па и ако ги гледате листите ќе видите дека таму има многу нови луѓе и само осумина се од предходниот состав. Меѓу нив и членови кои не се од партијата и луѓе кои прв пат се бават со политика.

И да бидеме искрени, може колку сакаат да го критикуваат господинот Христијан Мицкоски, меѓутоа ние за прв пат имаме професор, учител, претседател на партија, човек – за кој секогаш знаењето било сила и моќ. И на крајот, демократ. Јас сум доказот за тоа“, рече Сиљановска на Алфа.