Милосављевиќ: Дипломатите, луѓе, дипломатите

„ Постизборниот координиран хаос добива на квалитет.



Две сериозни новинарски, аналитички и, да не се лажеме, спинерски имиња, излегоа со крајно спротиставени приказни околу развојот на настаните.

Едниот (Ордановски, фала на прашање) вели, Заев ја добил сета поддршка од дипломатите и тој, само тој и никој друг освен него, ќе ја состави и предводи новата Влада, а ВМРО-ДПМНЕ ќе кмиши во опозиција, машала со години.

Вториот (Латас, нормално) вели, не само што Заев нема да прави Влада, туку дипломатите му пратиле порака да се повлече од чело на СДСМ, да се откаже и од политиката и да бега до каде го држат нозете ако сака да не оди во затвор и да не му пропадне богатството. Владата ќе ја прави Мицкоски, а евентуално останува да се реализира и некоја голема Влада во која премиерите ќе се менуваат на една година меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ама Заев секако нема да биде меѓу нив.

Овие две имиња, со сите контроверзи околу нив, имаат информации и линкови од највисоките врвови на партиите и од навистина сериозни дипломатски кругови (99 проценти од колегите можат само да сонуваат за такви линкови) и кога ќе излезат со толку различни тврдења за една иста работа, ситуацијата навистина мора да признаеме дека е усложнета до максимум.

Но, и тоа не е се, двајца аналитичари од албанскиот блок, едниот од нив поранешен дипломат и сериозен интелектуалец, (Зеколи господо, Зеколи)потврдуваат дека Заев е во проблеми, бидејќи досегашните партнери во Тирана и Приштина не го играат, а ДУИ повеќе сака со ВМРО-ДПМНЕ отколку со СДСМ. Ова не е 2016 година кога Заев „мораше“ да направи Влада па макар да освоеше и 20 пратеници. Но реално е дека ова исто така не е 2016 година кога Заев изгуби со два, бидејќи сега победи со два пратеника.

Нашите „генијални“ аналитичари веројатно би „оцениле“ дека треба да оставиме времето да покаже што ќе се случи. Времето, нели, секогаш, е лекот за сите несреќи.

Мене лично, ми изгледа дека дипломатите во овие околности со задоволство ќе ни речат „Фак оф“ и ќе остават Мицкоски, Заев, Ахмети, Села и Гаши да покажат во рингот кој е навистина подобар политичар, кој има поголема убедителна моќ, кој има асови во ракавот и кој е подготевн до каде да оди за да го добие тоа што му треба, односно да влезе во Владата.

Ако, по некое чудо, сепак се случи таа голема, концентрациона или не знам каква Влада со сите парламентарни партии внатре, тогаш тоа ќе биде доказ дека ниту еден нема некоја особена политичка вредност, штом дипломатите (ах дипломатите) биле принудени повтрно да интервенираат како во маалско забавиште. Иако, гледам дека на многумина токму таа варијанта најмногу им се допаѓа.

Да се потврди дека сме глупаци!

Фејсбук статус на новинарот Драган Милосављевиќ