Во последните 24 часа направени се 1,312 тестирања, при што биле регистрирани 123 нови случаи на ковид-19 од кои најмногу во Скопје-54, Штип-18 и Гостивар-16.
Починале 3 лица, еден пациент од Скопје и по еден од Дебар и Струмица, соопшти Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 55 и 61 година. Во ОБ Струмица почина пациент на возраст од 67 години.





