Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска на Фејсбук дава објаснување зошто поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Конески, побара смена на раководството на партијата и зошто 3 години не кажал збор против Зоран Заев.



„…Ја знаете зградата околу која се крена цел Аеродром кај Мајчин Дом. Е, токму во таа зграда Коневски има стан и деловен простор над 350м2.

Патем, во истата зграда има стан и кумот на Марин.

Ако се чудите зошто Коневски никаде го немаше овие три години да каже нешто против Зоран Заев, човекот беше зафатен со други работи, листовите подолу кажуваат повеќе.

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ во ВМРО гледаат кауза, а очигледно оние што бараат промени во ВМРО гледаат ДООЕЛ. Тоа е разликата поради која Ивица Коневски тежи минус 4 илјади гласови“, напиша Столковски на ФБ.

https://www.facebook.com/naum.stoilkovski/posts/10158280466055499