Царовска ќе го тужи Боки 13 за клевета

Министерката Мила Царовска денеска експресно демантираше поврзаност со проектите на невладината Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски кој на денешното рочиште изјави дека тој имал поддршка од луѓе од владата и покрај нејзиното име, ги спомена и тогашниот министер Оливер Спасовски и екс-премиерот Зоран Заев.



Царовска најави тужба за клевета против Јовановски.

„Во интерес на вистината сакам најостро ги демантирам сите дрски лаги и конструкции изнесени во јавност од страна на Бојан Јовановски за поврзаност со проект на ГП Пелистер и за било каква соработка со Меѓународниот сојуз и најавувам дека против него ќе поднесам тужба за клевета. Истовремено ја информирам јавноста дека со госпоѓата што ја споменува Јовановски во неговата изјава ниту некогаш сум соработувала, ниту лично  ја познавам. Изјавата на Јовановски е целосна невистина и директен напад и уривање на мојот углед и достоинство за што ќе ги преземам сите правни мерки“ стои во соопштението испратено од Мила Царовска.