На денешното рочиште за Меѓународнкиот сојуз, Бојан Јовановски ги откри имињата од власта кои го подджувале во проектот за изградба на Европски центар за возрасни лица. Тој тврди дека тоа бил одржлив проектот кој го препознале и бизнисмените кои доброволно сакале да учествуваат во изградбата и дека немал земено ни денар од Буџетот на државата и оти е горд на тоа.



„ Мојот договор со ГП Пелистер не падна од небо туку беше преку посредници,  а вистиниските посредници ќе се дознаат преку кривичните пријави. Мила Царовска ја донесе Лилјана Тодоровска која е автор на проектот кај мене. Имав и прием и поддршка од Зоран Заев и од Оливер Спасовски“, рече Јовановски како што пренесува „Вечер“.

Затоа тој уште еднаш побара да се вештачи неговиот мобилен телефон за да се види со кого се имал средби и контакти.