Не губи време на “Вмровците” на Заев – 3 пораки од Зеколи до Мицкоски

Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи му дава три препораки на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.



Зеколи кој е крајно критичен за работата на политичките лидери нема дилеми дека Мицкоски останува на чело на македонската опозиција а Мијалков, Рангелова, Јанчев, Тодоров, Коневски, осумтемина и останатите кои бараат негово заминување ги нарекува “вмровците” на Заев.

Во првата порака на Зеколи тој зборува за водење на политика на заштита на националните интереси од страна на Мицкоски без да се вознемирува дека ќе биде обвинуван за национализам:

1. Отфрли го токенизмот на Заев и Американците за именување манекени Албанци, Турци, Срби во партијата. Гледаме во САД што фајде од тоа. Биди македонска партија, не се потресувај од оптужбите за национализам. Што друго очекуваш од шовинисти? Комплименти?

Според втората порака на Зеколи суштината на односите меѓу Македонците и Албанците е подобриот стандард и Мицкоски треба таму да се фокусира:

2. Отвори суштинска дебата за односите меѓу Албанците и Македонците, со фокус на социјала и економија како врзивни точки. Но по нови стандарди, не според салонските шеми и без странски фондации. Твоето поле не се конференциите, туку средната класа, млада интелектуала, мал-бизнис.

Во третата порака до Мицкоски Зеколи бара тој целосно да ги игнорира екс функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои се блиски на СДСМ а кои ги нарекува “вмровците на Заев”:

3.Не губи време на вмровците на Заев. Туку земи ги и претстави ги како прототип на декаденцијата и заморот на колонијалната манипулација. Нивната колективизација во СДСМ е позитивен чекор на чистка на организмот од гнојот и збирштина во чир кој сам од себе ќе прсне.

Вчера Зеколи, кој важи за добро информиран, на Твитер напиша “Заев е аут” но не прецизираше што значи тоа.