Лидерот на ДУИ Али Ахмети за ТВ21 потврди дека е повикан од Хашкиот специјален суд.
„Да вистина е. Бев поканет од Специјалниот суд и ќе одам“, рече Ахмети за ТВ21.
Ахмети e повикан во улога на сведок.
Не е познато дали поканата на Ахмети има врска со распитот на косовскиот претседател Хашим Тасчи кој минатата недела неколку дена престојуваше во Хаг, по повик од Специјалниот суд.




