На 14-от ден од протестите во Бугарија илјадници демонстранти извикуваа „Оставка“ пред народното собрание, објави известувач на БГНЕС.
Барањата на демонстрантите остануваат непроменети: оставката на владата на премиерот Бојко Борисов и на главниот обвинител Иван Геше и одржување на фер избори.
Најголема атракција денеска предизвика човек легнат полугол на чаршави со пиштол до главата и фиока полна со банкноти од 500 евра.
Пораката беше јасно упатена до бугарскиот премиер, а сцената наликуваше на онаа од снимката од пред месец дена на која можеше да се види Бојко Борисов како спие во својата спална соба.






