Екс министерката за труд и социјални работи Рашела Мизрахи со поддршка за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој деновиве е на мета на жестоки напади од СДСМ и групите на екс партиските функционери Сашо Мијалков и Никола Тодоров.
Мизрахи од критичарите бара да кажат дали од како дојде на чело на партијата во декември 2017 Мицкоски работел за себе или за партијата и за Макеоднија.
“Зарем му беше лесно на Христијан Мицкоски изминативе три години?
Дали било што во оваа битка направи за себе или само стоеше храбро за партијата и Македонија!?”, пишува Мизрахи како реакција на нападите кон Мицкоски.
Сите коментари на Мизрахи на Твитер
Во тешкото се бројат јуначките срца.И само злонамерните ќе кажат лош збор за човекот со срце и храброст да застане на чело на пеплосаното и разочарано ВМРО со бела,,палата” на прашина и тишина пред 3 г. Старите велат:,,Не суди на никого додека не изодиш пат во неговите чевли”.1/7
— Рашела Мизрахи/Rashela Mizrahi 🇲🇰 (@mizrahiraselaMK) July 22, 2020





