Основното јавно обвинителство Скопје денеска до судот поднесе предлози за издавање казни од по 2 000 евра против вкупно 14 лица за непочитување на полицискиот час во Скопје.



„Обвинетите, во одвоени кривично-правни настани, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република с. Македонија. За време на полицискиот час тие без дозвола се движеле на различни локации во градот“, стои во соопштението од ОЈО.

За сите 14 лица предложена е парична казни од по 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба е 20 евра во денарска противвредност.​

Лицата се обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.