„СтопКорона“ не идентификувала ниту еден случај на Ковид-19

Дали Владата промовирала инсталирање на апликација за да може да прибира лични податоци од граѓаните е прашањето кое го поставува дел од јавноста откако властите признаа дека досега ја инсталирале над 60 илјади граѓани но од неа нема никаков резултата во битката со Ковид19.



Мобилната апликација која Министерството за информатичко општество и администрација и Владата ја промовираа како една од главните алатки за помош во борба со корона вирусот, не открила случај на корона вирус.

Апликацијата „СтопКорона” од 13 април, досега, на своите мобилни уреди ја презеле 62.979 граѓани. Апликацијата е наменета за откривање близок контакт со потенцијално заразени лица и со тоа да се помогне во борбата со вирусот и побрзо спречување на ланецот на ширење, велат за МИА од Министерството за здравство.

До 21 јули преку апликацијата „СтопКорона!“ не се откриени нови позитивни случаи на корона вирусот потврдиле од Министерството за здравство за МИА .