Во изминатите пет дена специјална полицијата во главниот град на Боливија, Ла Паз, отстрани 420 човечки трупови од улиците, автомобилите и напуштените станови.
Се претпоставува дека 80 до 90 проценти од пронајдените починале од ковид-19, пренесе АП.
Според боливискиот Институт за судски истражувања, од 1 април до 19 јули специјализираните служби пронајдоа вкупно 3.016 тела на улиците кои се најверојатно жртви на смртоносен вирус.





