Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1636 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19.
Нема починати, но на Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациент.
На кислородна поддршка се 34 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.





