На второто рочиште за предметот кој се однесува на невладината организација Меѓународен сојуз на Боки 13, треба да се произнесат Бојан Јовановски, заменик-претседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ, Фросина Ременски, асистентката на Боки Христина Блажевска и таткото на Боки, Миле Јовановски.
Обвинителството тврди дека двајца бизнисмени биле доведени во заблуда и измамени преку проекти за изградба на европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси, па преку Македонската авторска агенција исплатиле речиси еден милион евра, едниот сума од 719.905, а другиот 233.821 евра.






