Демонстранти се собираат пред зградата на парламентот во Софија каде денеска во 11:30 часот по локално време, во Националното собрание е закажано гласање за недоверба на владата на Бојко Борисов.
Демонстрантите, кои веќе 13 дена се на плоштадите, бараат „третиот кабинет“ на Борисов да поднесе оставка.
Но, 11 пратеници на партијата „Волја“ ќе гласаат воздржани од денешното гласање за недоверба, а лидерот на формацијата Веселин Марески ќе гласа против.
Тоа значи дека оваа ситуација, не постои начин владата да биде соборена, затоа што дури и ако сите пратеници од БСП, ДПС и независните гласаат против кабинетот, ќе се соберат најмногу 112 гласови, од потребните 121 за паѓање на владата на Борисов, констарира бугарски „Дневник“.






