Нов црн биланс од справувањето со коронавирусот во Македонија во последните 24 часа се новите десет смртни случаи и 96 новозаболени од 724 спроведени тестови!
Починаа четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево.
Од новите позитивни случаи по 24 се од Скопје и од Штип, 9 од Струга, 7 од Тетово, по 6 од Куманово и од Охрид итн.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата порасна на 9.249 лица, оздравени се 4.871, починати 432, а активни случаи се 3.946.




