Д-р Даниловски: Кластерот „избори“ ќе ни се удри од глава

Кластерот „Избори“ почнува да ги дава првите бројки на заразени со коронавирус.



Предизборните собири и постизборните прослави ќе ни се удрат од главата, вели епидемиологот Д-р Драган Даниловски во интервју за ТВ 24 .

Според него, единствено носењето на маска од страна на сите може да помогне во стопирање на кризата со коронавирус.

Тој вели дека е недозволиво однесувањето како во ноќниот клуб во Струмица.

Даниловски смета дека градинките може да се отворат, но само и доколку граѓаните строго се придржуваат до меркита за заштита. Тој ги повика и градоначалниците преку своите општини воведат редари кои ќе се грижат за контрола врз придржување на мерките.