ДИК не прифати ниту еден од 2.141 приговор за изборите

Членовите на Државната изборна комисија ги отфрлија сите 2.141 приговори кои беа поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули.



Отфрлени се 1.478 приговори на Левица, кои биле без потпис, додека останатите 500 биле неосновани.

Не поминаа ниту 150-те приговори на Алијансата и Алтернатива, ниту двата на ВМРО-ДПМНЕ, исто како и на помалите партии.

Приговори не поднесоа СДСМ и ДУИ.

Со тоа се потврдуваат претходните неофицијални конечни резултати, иако партиите имаат право на правни лекови, односно можност да поднесат тужби пред управниот суд.