Османи: Ние ќе кажеме кој ќе влезе во нашата влада

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи  во интервју за грчниот весник „Етнос“  објавено денеска вели дека УИ ќе  добие мандат да формира влада.



„Во секој случај, резултатот од изборите покажува дека ние ќе утврдиме кој ќе влезе во нашата влада, а не некој друг. Затоа, проценувам дека ДУИ ќе добие мандат да формира влада и ние ќе одлучиме која партија на Северна Македонија ќе учествува во нашата коалиција“– вели Османи.

Османи смета дека позицијата на  СДСМ и неговиот лидер Зоран Заев ќе се промени по  конечните изборни резултати.