Критично во Штип, полесните пациенти дома за да се сместат новозаразени

Од петокот и викендов, пред Инфективното одделение во Штип повеќе пациенти кои имале симптоми на коронавирус и упати од матичните доктори чекаат да бидат примени, иако Одделението е веќе исполнето со максималниот капацитет за 55 болни, пишува порталот сдк.мк.



“Директорот на Клиничката болница Ален Георгиев вели дека Инфективното одделение прави обиди да ги смести новозаразените, а веќе примените пациенти иако се со еден, па дури и со два позитивни теста, а имаат малку полесни клиничка слика, ги праќаат на домашно лекување и во самоизолација само да се ослободи кревет за новите потешко заболени”, се вели во изјавата која ја пренесува порталот.

Вчера во Штип беа регистрирани нови 60 ковид позитивни.

Целата вест на сдк.мк на овој линк