Радев: Протестите ќе запрат „кога ќе паднат тие што треба да заминат“

Бугарскиот претседател Румен Радев ја отфрли понудата за дијалог од , Цвета Карајанчева, претседателката на бугарскиот парламент каде што во изминатите десетина дена се одржуваат протести за оставка на Владата на Бојко Борисов и на главниот обвинител Иван Гешев.



„Требаше да водат дијалог со народот кога беше време. Но тие надмено гледаа од горе и не одговараа на главните барања. Сега е доцна за дијалог. Народот веќе не ги сака“,изјави Радев, како што пренесуваат медиумите во Софија.

На прашање до кога ќе има протести, Радев одговори: „додека не паднат тие што треба да си заминат“.