Инфективното одделение во Штип е веќе исполнето со максималниот капацитет за 55 болни, а по вчера регистрираните 60 нови случаи на корона се прават напори да им се помогне на новозаразените.



Директорот на Клиничката болница Ален Георгиев за СакамДаКажам вели дека Инфективното одделение прави обиди да ги смести новозаразените, а веќе примените пациенти иако се со еден, па дури и со два позитивни теста, а имаат малку полесни клиничка слика, ги праќаат на домашно лекување и во самоизолација само да се ослободи кревет за новите потешко заболени.

Со 868 заразени со коронавирус на 100.000 жители Штип има најголема стапка на болни во државата.

Клиничката болница во Штип која е од регионален карактер, од почетокот на коронакризата згрижува пациенти и од соседните општини.