Сајтот на ДИК не функционира поради истрагата што ја води МВР


Од Државната изборна комисија велат дека сајтот „rezultati.sec.mk“ не е во функција поради истрагатата која ја води МВР по хакерскиот напад врз овој сајт и на него повеќе нема да се прикачуваат информации поврзани со изборите.



„Поради истрагата на МВР, овој сајт нема да го ажурираме, туку изборните податоци ќе ги објавиме на табела“, изјави претседателот на ДИК, Оливер Дерковски за „Алсат“.

Сајтот на ДИК и покажува само податоците од излезноста на изборите до 20.30 часот на 15 јули, ги нема изборните резултати, ниту освоените мандати на партиите.