Генералниот секретар на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари негира дека имало разговори со ДУИ која бара поддршка за идејата Албанец премиер.



„Не знам, можеби побарале да разговараат, ама нема што да разговараме и не знам дали воопшто вреди да се седне на иста маса со нив додека не се расчисти оваа изборна кражба“, изјави Таравари за 360 степени.

,Таравари вели дека за какви било разговори за формирање на идната влада треба да почекаат изборните резултати да бидат официјални и дека тоа е ставот и на Алијансата.

Партијата на Зијадин Села, Алијанса, која со коалицискиот партнер Алтернатива освои 12 пратенички места реагира дека имало големи нерегуларности за време на гласањето, за што и поднесе 74 приговори до ДИК.