За изборите 82 приговори

Дури 82 приговори и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето, пристигнале вчера до Државната изборна комисија, но се очекуваат и други со оглед на тоа дека и денеска до 19,30 часот може да се поднесуваат приговори за сумирањето и утврдувањето на резултатите од предвремените парламентарни избори оджани во средата.



Од ДИК информираат дека најголем број приговори , 74, поднела Алијанса за Албанците, а има и два од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, во синоќечното гостување на Алфа рече дека по завршувањето на роковите, утре или в понеделник, ќе закаже седница на која ќе се одлучува по приговорите.