Регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 пое направени 1.612 тестирања во последните 24 часа.
Починаа петмина; Тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен. Во ГОБ „8 Септември“ починаа двајца пациенти на возраст од 35 и 65 години. Во Клиничката болница во Битола почина пациент од Ресен на возраст од 70 години. Во Клиничката болница во Тетово е починат пациент на 51 година. Вон болнички услови е починат пациент на 77 години.






