За статус на Фејсбук, ОЈО отвори предмет против Апасиев

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека отворило предмет за статус на социјалната мрежа Фејсбук, објавен од лидерот на Левица, Димитар Апасиев.



Предметот е отворен по известување од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР,

„Истовремено за истото лице пристигнаа две кривични пријави, поднесени од здружението на граѓани Хелсиншки комитет за човекови права и две физички лица, а се однесуваат на друг статус објавен на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Во статусот за кој од МВР го известиле обвинителството, претседателот на Левица напиша: Џабе ни се лижете. Сите ќе ве стреламе“.

Стаусот Апасев го споделил ноќта по изборите на кои Левица освои два пратеника во идниот паралемнатерн состав.