Јонузи: Клучот за „Илинденска“ е кај ДУИ

Дестан Јонузи, уредник на дневниот весник на албански јазик „Коха“, во анализата за Фактор вели дека клучот за „Илинденска“ се наоѓа токму во ДУИ.



„Има многу комбинаторики за ново парламентарно мнозинство, но клучот за состав на ново парламентарно мнозиство е кај ДУИ и Ахмети. Очекувано беше дека ДУИ ќе биде прва партија во албанскиот политички блок, но не со 15 пратеници. Ова е изненадување, како што се изненадување 12 пратеници за коалицијата Алијанса-Алтернатива. ДУИ се уште неможе да се победи бидејќи другите албански партии не се структурирани како ДУИ на терен, немаат институционално искуство како ДУИ, но и не и парираат доволно и со контра изборни идеи, и со политичка платформа“.

Околу барањето за прв Албанец, Јонузи вели:

„Ако не се договорат за Албанец премиер во овој состав, во наредните години е остварлива идеја во парламентарно мнозиство како што е нашето. Но, барањата на ДУИ сега ќе бидат поголеми, и секако ќе бараат поголем колач од власта“.

Целото интервју на следниот ЛИНК