Уште на 10 јуни Бирото за јавни набавки (БЈН) одговорило негативно на барањето на Државната изборна комисија (ДИК) да набави софтвер за веб сајтот со преговори без објавување оглас, но и покрај тоа ДИК ја спровело набавката на тој начин. одговара дека не се исполнети условите, а ДИК го прима решението на 16 јуни, дознава порталот СакамДаКажам.
Два дена (18.6) по негативното мислење од БЈН, ДИК донела одлука за јавна набавка со спроведување постапка за преговарање без објавување оглас.
Утредента (19.6) биле поканети две компании, „Дуна“ и „АјВоут“, кои во рок од еден ден (20.6) ги доставиле понудите.
На 22 јуни, ДИК ја избира понудата на „Дуна“ во износ од 899.999,00 денари како најповолна.
Веб страницата уште не работи.





