Портпаролот на ДУИ и досегашен вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи предизвика внимание со загадочниот статус на Фејсбук, според кој резултатите од изборите се „пата-пата“, односно СДСМ и Беса имаат 46 пратеници, колку и ВМРО-ДПМНЕ заедно со Левица!



Притоа ги дели мандатите на 42 за СДСМ и 4 за Беса, иако се во коалиција, исто како и во коалицијата „Сега е време“, во која Алијанса за Албанците има 8, а Алтернатива 4.

Статусот е илустриран со мапа со обележана рута од Скопје со крајна дестинација – Мала Речица, каде што се наоѓа седиштето на ДУИ.