По информацијата што се појави по медиумите дека во струмичко Ново Село победата ја однела Алијансата за Албанците и Алтернатива и ДУИ, граѓаните, но и огранокот на СДСМ – збунети..



Од ОО на СДСМ од Ново Село велат дека по 18 години пауза издвојувале победа на паралементарни избори. Разликата во однос на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ е 76 гласа.

Според нив станува збор за техничка грешка по хакирањето на сајтот на ДИК.

Граѓаните во Ново Село првпат слушнаа дека  наводно во нивната општина победа на овие избори забележале Алијасата и ДУИ.