Пред потписот со Скопје, Софија бара Тирана да ги признае Бугарите

Бугарската министерка за надворешни работи и вицепремиер Екатарина Захариева планира посета на Албанија на која што официјално ќе побара властите во Тирана да го признаат „бугарското малцинство“ во оваа земја.



Захариева наредната недела ќе ја посети Тирана во рамките на Балканската турнеја во која што ќе патува и во Белград, Подгорица, Приштина и Сараево. Таа во име на владата во Софија од албанската влада формално ќе побара признавање на бугарско малцинство во Бугарија во три региони каде што сега е признато македонското малцинство, во Голо Брдо, Мала Преспа и Гора.

Захариева сака со своите албански домаќини да разговара за вметнување на Бугарите во новиот закон за малцинства во кој сега тие не се вклучени. Бугарски извори велат дека официјална Софија веќе работи на случајот и има време со политички договор да се убеди Тирана да се реши ова прашање од интерес за Бугарија а на штета на Македонија.

Според бугарските власти во Албанија живеат околу 100 илјади Бугари на кои што последниве години им биле издадени над 4500 бугарски пасоши а неделно десетина луѓе во претставништвата на источниот сосед во Албанија поднесуваат бугарски документи со кои можат да патуваат и да работат во ЕУ.

Европратеникот Андреј Ковачев кој е еден од потписниците на резолуцијата со која Европскиот парламент побара признавање на бугарско малцинство во Албанија,  во првите денови на новата влада во Скопје имаше средба со премиерот Заев но јавноста не дозна што се разговарало на неа.

На состанокот во владата бил присутен и владиката Наум и бугарски бизнисмен кој ги финансира активностите на бугарските организации во Албанија.