Скандал: Што е со „паднатата“ веб-страна на ДИК?

Веб-страната на Државната изборна комисија, која падна синоќа, веднаш по завршувањето на гласањето во 21 часот, се уште не работи, пишува порталот СакамДаКажам.



Оливер Деркоски, претседателот на ДИК не се јавуива на телефон во врска со скандалот што се случи со нивната веб-страна, за која, како што вчера беше речено – била хакирана од надворешен фактор,

Се уште нема закажано ни прес-конференција барем на класичен начин да ги соопштат конечните резултати. Последното што го најави синоќа Деркоски е дека бројот на освоените мандати на партиите и коалициите-учесници на овие избори ќе биде соопштен денеска.