Симулацијата на ДИК врз основа на првичните неофицијални резултати од вчерашните предвремени парламентарни избори покажува дека nајмногу гласови 324.084 или 36,12 отсто освои коалицијата на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ освои 312.745 гласа или 34,85 отсто, ДУИ 101.432 или 11,3 отсто, Алијанса за Албанците и Алтернатива 76.425 или 8,57, Левица 37.057 или 4,16, а ДПА 13.553 или 1,52 отсто.
Иако броењето е нецелосно ова значи дека СДСМ и коалицијата освоиле 46 мандати, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата 44, ДУИ 15, Алијанса 12, Левица 2, ДПА 1 мандат.





