Претседателот на ДУИ, Али Ахмети прогласи победа на неговата партија во албанскиот блок, оценувајќи дека се обезбедени над 100 илјади гласови и 12 пратенички мандати.



„Орелот се врати. Оваа победа на ДУИ е победа на Албанците и со таа победа нема да изгуби ниту еден Албанец. Ние се докажавме дека сме најуспешните во сите сфери и така ќе биде и понатаму. Албанците нема да бидат разочарани од нас“, изјави Ахмети пред партиското седиште на ДУИ во Мала Речица.

Победа вечерва прогласи и СДСМ: Коалицијата на СДСМ има 36,94 отсто од гласовите по преброени гласови од 2.477 избирачки места од вкупно 3.480, според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија од денешните предвремени парламентарни избори.